Времето облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе се задржи претежно облачно со повремен локален дожд. Попладне во јужните делови од земјата ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 16 до 20 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и релативно топло време. Во одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.