Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Максималната температура ќе биде во интервалот од 9 до 15 степени.
До четврток ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, а во среда и во четврток претпладне ќе има и повремен локален дожд. Во петок ќе дува северен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста.