Времето облачно и врнежливо

За денеска се очекува повремен и слаб дожд наутро, позастапен во северната половина од земјата.

Попладне дождот малку ќе го зголеми инензитетот и ќе биде застапен во поголем дел од земјата. Во текот на вечерта врнежите постепено ќе престануваат, освен во источните краеви каде се уште ќе има услови за повремен слаб дожд.

Попладне можна е ретка појава на грмежи во југоисточниот крај. Максимална температура околу 14°С се очекува во поголемиот дел од населените места низ земјава. Југот на повардарието очекува максимални 18°С.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.