Македонија

Времето облачно, на дел од патиштата можни одрони

Времето облачно, на дел од патиштата можни одрони

Во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. На југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 12 степени. Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.

Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани –  Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)
К.Паланка  0Струга -2Кочани 0
Страцин   +1Ресен -4Делчево-1
Куманово  0Крушево /Смојмирово-2
Маџари+1Кичево -4Струмица-2
Тетово -3М.Брод  /Велес+1
П.Шапка -5Буково -3Неготино+2
Гостивар -2Ѓавато -5Д.Капија+1
Стража -4Плетвар -3Удово -2
Маврово    -4Пресека -6Гевгелија+2
Дебар /Железнец -8Кула  0
Битола -4Штип  0Петровец+2
Прилеп    -3Сарамзалино+2
Охрид -2Павлешенци  0