Времето облачно и студено

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со локални слаби врнежи од дожд.

Во текот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од северен и североисточен правец, кој на места ќе достигнува брзина околу 60 километри на час.

Минималната утринска температура ќе биде од 3 до 7, а дневната од 6 до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени, но послаби врнежи од дожд. На планините ќе има слаби врнежи од снег.