Времето облачно, температура до 23 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер и појава на краткотрајни локални врнежи од дожд.

Околу пладне на повеќе места ќе има зголемена облачност, а локално ќе има краткотраен дожд, во југозападните делови проследен со грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.