Времето облачно и врнежливо

Во централните и источните делови претпладнево времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во останатите делови облачно. Попладне почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд, кои поинтензивни ќе бидат во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 4 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 4 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 14 степени.