Македонија

Времето претпладне сончево, попладне врнежливо

Времето претпладне сончево, попладне врнежливо

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен североисточен ветер. Поинтензивни поројни врнежи од дожд со грмежи ќе има во вечерните часови.

Минималната температура во интервал од 7 до 15,  а дневната од 25 до 32 степени.

Минималната температура до 12, а дневната ќе достигне до 31 степени.

Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во петок. За време на викендот сеуште ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а нестабилноста ќе биде со послаб интензитет.