Времето променливо облачно со локален дожд

Времето денеска ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 17 до 23 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните и јужните делови со слаб локален дожд. Во недела и почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник.

Врнежите и високата влажност на почвата и воздухот во наредниот период ќе ги забават земјоделските активности во поглед на прибирање на преостанатиот дел од реколтата кај виновата лоза, градинарството и овоштарството. Временските услови негативно ќе се одразат и на дозревањето на плодовите, како и при бербата и сушењето на тутунот.