Времето променливо, попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретка појава на грмежи, особено во северните и западните делови од земјата. Во вечерните часови на места ќе има пообилен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе се движи од 21 до 31 степен Целзиусов.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.