Времето сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 степени.

До понеделник ќе се задржи топло и претежно стабилно време, само во сабота попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.