Времето сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 31 степен.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот, кога максималните ќе се движат од 31 до 38 степени. Во почетокот на наредната седмица ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.