среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 49

Времето сончево и многу топло

toplo vremeeeee

Поврзани вести

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, само во недела кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и претежно во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.

Најчитани вести