Времето сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност,  а ќе биде и малку потопло. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб  ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 7.

Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Пообилни врнежи ќе има во петок во вечерните часови особено во западните и јужните делови и се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд. Во сабота дневната температура ќе опадне за пет до шест степени, а од недела се очекува стабилизирање со повторен пораст на дневната температура.