Времето сончево и топло, температура до 27 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во североисточните планински делови во текот на денот ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови.

Температурата ќе се движи од шест до 12, а дневната од 20 до 27 степени.