Времето сончево и топло, температура до 39 степени

Денеска не очекува сончево и многу топло време. Во попладневните часови ќе има појава на умерена облачност, а кон крајот на денот и во вечерните часови во северните делови од земјата ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 33 до 39 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде доста висок и ќе има вредност 9.