Времето сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а дневната од 28 до 35 степени.

До среда времето ќе биде стабилно со благ пораст на температурата. В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд главно во попладневните часови.

За време на викендот се очекува стабилно и топло време со температура и до 38 степени на југоистокот од земјата.