недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 11

Времето сончево и ветровито

veter

Поврзани вести

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, посвежо и ветровито со умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер со брзина и до 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури коишто на некои повисоки места ќе се спуштат и под нулата, а дневните температури ќе бележат покачување и во четврток ќе се движат од 18 до 24 степени.

Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Најчитани вести