Времето сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и доста топло, со умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 30 до 36 степени.

И во наредните два дена, односно в четврток и во петок ќе се задржи претежно стабилно време, ќе има појава на умерена облачност, а во четврток ќе дува и умерен ветер од северен правец што ќе услови благ пад на температурата. Во петок се очекува температурата да се движи помеѓу 27 и 34 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.