Времето сончево и топло, температура до 32 степени

Денеска во земјава не очекува претежно сончево и топло време. Утринската температура ќе се движи од седум до 19, а дневната од 25 до 32 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. До четврток температурата ќе биде во покачување, а од петок ќе има тенденција на благо опаѓање.