Времето сончево и топло, температура до 36 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец. Попладне и понатаму ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 30 до 36 степени.

Во четврток и петок во попладневните часови и понатаму ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. За време на викендот стабилно, сончево и убаво време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.