Времето сончево и ветровито

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а преку денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во сабота времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна локална облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ноќта према недела ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кога ќе дува и умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Во наредната недела ќе преовладува облачно и постудено време за овој период од годината со повремени локални врнежи од дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.