Македонија

Времето сончево, од утре пониски температури

Времето сончево, од утре пониски температури

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Во претпладневните часови ќе им зголемена облачност и услови за слаб локален дожд во крајниот северозападен дел од земјава, а по котлините и по речните долини се уште ќе има појава на магла и ниска облачност, која се очекува да се намали во попладневните часови .

Утринската температура ќе се движи од девет до 13, а дневната од 24 до 28 степени.

Во наредните денови ќе има зголемено наоблачување, повремено ќе има и сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд кој повеќе ќе биде застапен во западните подрачја на земјава, особено в сабота.

Утре ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок ќе дува засилен северен ветер кој ќе овозможи пад на дневната температура за седум до осум степени.