Времето сончево, попладне можен дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне е можна локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 28 до 35 степени.