Времето сончево, температура до 13 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од седум до 13 степени.

Од денеска следува период на стабилно и посвежо време. Ќе дува слаб до умерен и повремено засилен северен ветер. Утре утринските температури наместа ќе се спуштат и под нулата.