Времето сончево, температура до 26 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Претпладне во некои котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 14, а дневната од 23 до 26 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време со претпладневна магла по одделни котлини. Кон крајот на работната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за пет до шест степени и ќе се движи од 19 до 22 степени.