Времето сончево, температура до 28 степени

Денеска ќе имаме сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаба утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 22 до 28 степени.

За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд со појава на ретки грмежи.