Времето сончево, температура до 8 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. Утринските температури и понатаму на повеќе места ќе бидат под нулата.

За време на викендот во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.