Македонија

Времето сончево, температурата до 28 степени

Времето сончево, температурата до 28 степени

Во текот на претпладневните часови не очекува сончево време со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен и засилен југозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 28 степени.

Од попладневo ќе има значителна промена на времето со нестабилност, поројни врнежи и пад на температурата. Пообилни врнежи ќе има утре, кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.