Времето студено со минусни температури, сообраќајот се одвива нормално

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по на места влажни коловози. На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка -2 Струга -6 Кочани -1
Страцин -4 Ресен -4 Делчево -1
Куманово -2 Крушево -4 Смојмирово -5
Маџари 0 Кичево -4 Струмица -3
Тетово     -3 М.Брод -7 Велес -1
П.Шапка -13 Буково -9 Неготино -3
Гостивар -4 Ѓавато -7 Д.Капија -2
Стража -9 Плетвар -4 Удово -4
Маврово -8 Пресека -8 Гевгелија /
Дебар -5 Железнец -7 Кула -2
Битола -1 Штип -3 Петровец 0
Прилеп -3 Сарамзалино -2
Охрид -5 Павлешенци -2