Времето топло и сончево

Денеска не очекува претежно стабилно и топло време, а во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.

Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.

Во случај на појава на електрични празнења, од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.