Времето умерено облачно, температура до 19 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 10, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно. Изутрина ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот повеќе Сонце. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Од утре до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Температурата ќе биде без големи промени.