Времето утре: Големи температурни промени

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаба утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје  претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Во понеделник попладне, а особен во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.