Времето во фаза на затоплување

По дводневните обилни дождови и релативно студената недела, денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 23 степени. Слично време Македонија ја очекува и утре, додека од вторник и среда ќе бидат пооблачни со шанси за дожд.

Од четврток се очекува затоплување на времето.