Врховен ја одложи седницата за убиствата кај Смилковско езеро

Поради отсуство на еден од бранителите на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро денешната јавна седница на Врховниот суд на која требаше да се разгледуваат жалбите на доживотните казни затвор беше одложена.

– Јавната седница по предметот оформен по жалба против пресуда донесена од Апелацискиот суд Скопје, а во врска со убиството кај Смилковско Езеро, се одложи поради непостоење процесни претпоставки за одржување на јавната седница, поради неприсуство на еден од бранителите на обвинетите, се наведува во соопштението од Врховниот суд на РМ.

Јавната седница по овој предмет е закажана за 9 јуни во 11 часот.