Врховен суд: Британскиот Парламент мора да гласа за брегзит

брегзит

Одлуката значи дека премиерката Тереза Меј не може да почне разговори со Европската унија се додека членовите на Парламентот не и дадат дозвола.

Судот одлучи дека шкотскиот Парламент како и велшкиот, северноирскиот не е потребно да дадат одобрение за тоа. Одлуката треба да се донесе најдоцна до 31 март кога е крајниот рок.

Се очекува соопштение од Владата на Велика Британија, која наведе дека подготвена за активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор и дека за тоа не се потребни со парламентот, јавија локални медиуми.

Истата одлука Врховниот суд ја донесе и во ноември, но британската Влада се жалеше и повторно го загуби процесот.

Лорд Науберг објасни дека Судот не зазема став дали Велика Британија треба да ја напушти ЕУ или не, туку само е заклучено дека за активирање на членот 50 мора да се гласа во Парламентот.

Британски Индепендент објави денеска дека премиерката Тереза Меј можно е до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата по Член 50 од Лисабонскиот договор за излегување на државата од Европската унија.

Весникот се повикува на владини извори кои наведуваат дека документот веројатно ќе биде завршен неколку дена по очекуваната денешна одлука од Врховниот суд за прашањето за процедурата на „разводот“ со ЕУ.

На 23 јуни минатата година британскиот народ одлучи на референдум за напуштање на Европската унија.