Врховен суд: Притворот на Кочан е укинат поради повреди на закони

Врховниот суд на својата веб страница утрово и официјално објави дека е укинат притворот за бизнисменот Сеад Кочан.

По ваквата одлука Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ќе треба повторно да одлучува по жалбата на Специјалното јавно обвинителство поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор.

Според Врховниот суд, причина за одлуката се повредите на законите од страна на пониските судови. Пресудата на Врховен со којашто се укина притворот се уште не е јавно објавена.