вторник, 24 јануари 2017  |  Вести денес: 7

Врховниот суд денеска одлучува за Брегзит

Единаесет судии или ќе ја поддржат претходната судска одлика Парламентот да има моќ да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор или ќе ја отфрлат улогата на законодавната власт во корист на Владата, која тврди дека не и треба гласот на Парламентот за да го покрене процесот.

bregzit

Последни вести

Британскиот Врховен суд денеска ќе донесе одлука за тоа дали премиерот или Парламентот имат право да го покренат процесот за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Единаесет судии или ќе ја поддржат претходната судска одлика Парламентот да има моќ да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор или ќе ја отфрлат улогата на законодавната власт во корист на Владата, која тврди дека не и треба гласот на Парламентот за да го покрене процесот.

Случаите на Врховниот суд се сметаат за најважни тестови на уставноста, бидејќи се занимаваат со централните прашања во британските закони – линијата на поделба меѓу Парламентот и извршнатамоќ.

Владата смета дека може да го користи исклучивото право, кое датира од средниот век за да почне процес за напуштање на ЕУ, но Високиот суд донесе одлука во ноември дека Владата не може да дејствува самостојно, без гласање во Парламентот.

Најчитани вести