Врховниот суд потврди одлука против полицајци кои си ги замениле сопругите

Врховниот суд утврдил дека е во право шериф од сојузната американска држава Луизијана кој отпуштил двајца полицајци бидејќи си ги замениле сопругите, но официјално не се развеле и повторно венчале, што според шерифот е непримерно однесување кое не му доликува на американски полицаец.

Врховниот суд на САД ја потврдил одлуката на окружниот суд од Луизијана кој ја потврдил одлуката на шерифот на полицајците да им врачи откази, пренесува во четвртокот AFP.

Сентименталната мелодрама се одиграла во 2014 година во округот Босиер во кој Брендон Кокер и Мајкл Голден сфатиле дека сопругите со коишто се во законски брак не се нивните животни љубови. За нивна среќа, и сопругите тоа го сфатиле, па г-ѓа Голден се вљубила во Кокер, а г-ѓа Кокер во Голден. И двете двојки ќе живееле среќно до крајот на животот доколку официјално се развеле и повторно се венчале, но бидејќи тоа не го сториле силно го разбесниле заменикот шериф Чарлс Овенс.

Повикувајќи се на кодексот на округот Босиер во кој пишува дека „забрането е секо незаконско, неморално или непристојно однесување“, Овенс им дал рок на полицајците до 24-ти ноември да се вратат кај своите законски сопруги, или ќе добијат отказ.

Полицајците не го послушале па останале без работ и потоа го тужеле шерифот, повикувајќи се на Првиот амандман од американскиот устав кој им гарантира на сите луѓе слободно да го избираат партнерот.

Меѓутоа, првостепениот суд пресудил дека за полицајците важи кодексот поинаков од оној за обичните смртници, и оценил дека полицајците „се подбивале на институцијата брак“, а конечниот удар потоа им го зададе Врховниот суд во Вашингтон кој одбил да го разгледува предметот, со што ја потврдува првостепената одлука.