Врховниот суд расправа дали прислушуваните разговори ќе се користат како докази

Врховниот суд на Република Македонија соопшти дека денеска на продолжение на Општата седница, ќе се разгледува рефератот по правното прашање „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“.

Минатата недела претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски на средба со новинарите рече дека смета оти нелегално прислушуваните разговори не може да се користат како доказ, туку само како индиција за постоење кривично дело.

– Работа на СЈО е да ги анализира разговорите и да обезбеди конкретни докази за потоа да може да ги обвини прислушуваните лица за кривично дело, рече Вангеловски.

Најави дека на седницата на која ќе се расправа за ова прашање ќе биде повикана и доскорашнатра судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.