Македонија

Врие на Бихакќа, СДСМ и Заев продолжуваат сами да се демантираат

Врие на Бихакќа, СДСМ и Заев продолжуваат сами да се демантираат

Времето од ден на ден сè повеќе работи против СДСМ, а јавноста сè повеќе има можост да се увери во скандалозноста на сценариото на СДСМ. Тезите на Заев и СДСМ се демантирани од самите нив, но и со реалните факти со што во целост се руши сценариото од Бихаќка, а тоа дополнително ја разгорува нервозата во СДСМ.

Срушената теза за тоа дека Груевски и Мијаков биле оние кои прислушувале јавноста го дозна од повеќе факти. Постојат признанија и судска пресуда од дел од осомничените во случајот „Пуч“ дека работеле по нарачка на Заев и Зоран Верушевски без било кој друг од Министерството за внатрешни работи да знае за тоа.

Во признанијата дел од осомничените јасно кажале дека им биле давани броевите кои биле таргет и кои требаледа се прислушуваат, а за завршената работа истите биле финансиски наградувани. Со објавувањето на креираните материјали, Заев покажа дека всушност шефот на ДБК, Сашо Мијалков бил цел на странските служби.

Потврда за ова се неколкуте објавени креирани снимки со братот на Мијалков, Влатко. Јасно е дека зад сценариото кое безуспешно се обидува да го провлече Заев, стојат странски структури, бидејќи не е логично директорот на ДБК да го прислушува сопствениот брат. Дополнителен доказ дека првиот човек на ДБК е таргетот на странската служба чие сценарио во земјава го спроведува Заев, говори и фактот дека лидерот на СДСМ објави неколку креирани материјали на Мијалков во кои тој разговара со анонимни личности во јавноста. Истите тие немаат улога во политичкиот живот.

Од ова се открива вистината дека не власта, туку агентурните мрежи креирани од опозицијата го вршеле прислушувањето во еден дел, додека вториот дел е од странските служби со високо софистицирана опрема. Како што веќе беше соопштено прислушуваните разговори биле преведувани на англиски јазик и проследувани во странските центри. Дел од ваквите документи беа пронајдени и во компјутерот на Верушевски, што е уште една потврда дека власта не стои зад овој скандал.

transkripti1500

Од документите кои вчера во јавноста беа објавени, покрај материјали за владејачката партија се забележуваат и материјали за опозицијата што говори дека мрежата во Македонија предводена од Заев и Верушевски снимале разговори на високи членови на опозицијата кои веројатно имале спротивни мислења од сегашното раководство.

transkripti2-500

transkripti3-500

transkripti4-500

Пред очите на јавноста сценариото на Заев се демаскира, со што опозицијата сама си ја рушу и онака малата доверба која ја има кај народот.