Врие од народ на улиците по обидот на СДСМ насилно да го преземе претседавачкото место во Собранието

Учесниците на маршот ја минаа вообичаената маршрута, од Владата до Собранието на РМ.

– И официјално денешниот обид на шверцерски начин да се избере претседател на Собранието не им успеа. Не им успеа и нема да им успее. Ова е голема победа за сите нас. По 39 дена решија да видат дали сме сериозни. Ако сакаат да не тестираат, да им кажеме дека имаме волја, енергија и дека ќе останеме тука и ќе правиме се што треба за да си ја одбраниме државата, рече Богдан Илиевски, член на Иницијативата.

2

Според него, формулата за победа е лесна, час и половина во денот посветени на Македонија. – Ако не беше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, досега ќе избереа претседател на Собранието, ќе направеа инцидент. И власта ќе ја земеа оние кои од Македонија сакаат да направат бинационална држава, посочи Илиевски.

Борис Дамовски дополни дека трпението на народот е огромно. – Со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е подготвен да ја брани Македонија. Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија, истакна Дамовски и додаде дека сите го знаат излезот од оваа криза, а тоа е, рече, спроведување попис и избори.

14

Милан Рисетвски нагласи дека сите сакаат да живеат во унитарна, заедничка држава, без да наметнува никој ништо. –  Не ми е разбирливо некој да сака толку многу да го силува македонскиот народ, освен потребата да задоволи некои сценарија. Не ми е гајле дали е платформа од Вашингтон или од некое село, таа е антимакедонска и ништо повеќе, рече докторот Милан Ристевски.

Масовни протести на иницијативата „За заедничка Македонија“ се одржуваат во повеќе градови низ државата.

КУМАНОВО

куманово-1

куманово

ОХРИД

охрид-2

охрид-1

БИТОЛА

битола

ШТИП

стип

БЕРОВО

berovo

ПРОБИШТИП

probsitp

ГЕВГЕЛИЈА

гвг-14

гвг

СТРУМИЦА

струмица-1

струмица-2

струмица

ДЕМИР КАПИЈА

капија-2

капија-1

РАДОВИШ

radovis

ВИНИЦА

виница

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.