Врнежи од снег кај Гостивар, Стража, Пресека, Неготино

Забраната од 08. 30 часот за тешки товарни возила од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир престанува да важи од 12. 30часот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива отежнато во зимски услови, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Врнежи на снег од среден интензитет има Гостивар, Стража, Пресека и Неготино, а  на поголем дел од републиката има провејување на слаб снег кој не се задржува на коловоз.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: Гостивар-крак Маврово-Дебар,Тетово-Попова Шапка,Тетово-граничен премин Јажинце, Стража, Пресека, Дебар-Струга, Буково, Ѓавато, Струга-граничен премин Ќафасан.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.