Врнежите кон крајот на денот ќе престанат

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен слаб до умерен дожд, попладне проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб источен ветер. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престануваат. Максималната температура ќе се движи од 19 до 25 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет проследени со локална појава на грмежи.

Поинтензивна нестабилност ќе има во петок попладне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.