Врнежлив викенд, од вторник повторно сончево време

За време на претстојниот викенд и на почетокот на следната работна недела ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурите во следните денови ќе бидат во постепен пад.

Од вторник ќе се стабилизира времето, а утринските температури ќе бидат пониски.

За првиот ден од викендот може да очекува променливо време со локален дожд и температура од девет степени во Маврово до 15 степени во Битола, Струмица и Гевгелија.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 13-от степен.

За в недела може да очекувате слично време со температура од осум до 14 степени.