Врнежливо и ветровито време

Денеска ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните и источните делови каде локално ќе наврнат над 25 л/м2. На планините над 1000 м ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 6 до 12 степени.

Утре претпладне ќе се задржи променливо облачно и студено време, во источните делови со локален дожд, на планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Воздушниот притисок значително ќе расте за 10 до 12 мерни единици.

Од недела следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.