Врнежи од дожд и во наредните денови

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува и во наредните денови.

Денес не пчекува претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови.

Врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2.

Во наредните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.