среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 40

Врнежи од дожд низ цела Македонија, снег само во Тетово

Нови врнежи од снег во текот на ноќта имало само во Тетово од што е формирана снежна покривка од 6 сантиметри. Во другите делови врнежите биле од дожд од кои најинтензивни во Дојран каде се наврнати 24 литри на метар квадратен, Берово 22, Пожаране 12, Крива паланка 11, Охрид 6, Штип, Битола и Крушево 8, Ѓуриште 7, Куманово, Тополчани, Демир Капија, Претор, Дебар и Струмица 6, Скопје 5, и Гевгелија, Прилеп и Маврово 4 литри.

врнежи

Поврзани вести

Утринските температури се секаде над нулата, освен во Маврово каде се измерени -2 степени и во Тетово и Лазарополе -1 степен. Во Гевгелија утринската температура достигнала 9 степени.

Утрово преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во централните и источните делови. Понекаде дува слаб ветер од променлив правец. Магла има во Скопско.

Во текот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести до претпладневните часови и на истокот. На планините ќе има повремен снег. Попладне ќе има и краткотрајно услови за појава на ретки грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец. Температурата во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, повеќе до претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а од пладне ветерот ќе се менува кон северен и ќе биде поинтензивен. Температурата во интервал до 8 степени.

Од денес попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Утре ќе има почести сончеви периоди и претежно на југот од земјата. Температурата ќе биде во опаѓање, но утринските температури ќе останат околу нулата. На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег претежно на југозапад. За време на викендот малку постудено, а изгледи за повеќе сонце ќе има во недела.

Најчитани вести