Врнежи од снег на сите патни правци во Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а слаби врнежи од снег има на сите патни правци во Македонија, информира АМСМ.

На Попова Шапка има магла со видливост од 10 до 15 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Максималната температура ќе биде во интервал од минус 2 до 3 степени со повремени врнежи од снег, кои се очекува да бидат пообилни во ноќните часови.