петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 53

Врнежливо и пад на температурите за време на викендот

временска

Поврзани вести

Дестабилизација на времето со услови за повремени локални врнежи од дожд не очекува за време на викендот.

Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи се очекуваат попладне во западните делови од земјата.

Топлото време ќе се задржи уште денеска со дневни температури над просечните за овој период од годината. Поради изразено јужно струење денеска попладне и во ноќните часови се очекува да има поинтензивен пренос на прашина од Сахара.

Во сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови, додека во недела  се очекува посвежо време со дневни температури пониски за околу 10 степени во однос на денешните. Врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.

Управата за хидрометеролошки работи за во понеделник најавува стабилизирање на времето, а од вторник и зголемување на температурата.

Најчитани вести